• петок, 27 декември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот министер за одбрана Пелеши

Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот министер за одбрана Пелеши
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши, кој престојува во посета на Република Северна Македонија. На средбата се разговарало за унапредување на билатералната одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, која, како што стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски, сега е на задоволително ниво, при што било изразено и очекување за јакнење на оваа соработка, преку отворен и конструктивен дијалог за прашањата од заемен интерес. Во контекст на соработката во НАТО, како две полноправни членки и соседи, шефот на државата и министерот Пелеши, констатирале дека усогласувањето на ставовите меѓу двете држави е добро и изразиле очекување тоа да продолжи и во иднина. На средбата станало збор и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија и Албанија, а биле разменети мислења и информации за очекувањата во двете држави во пресрет на состаноците на Европската Унија до крајот на оваа година. Претседателот Пендаровски и министерот Пелеши се осврнале и на соработката во рамки на регионалните иницијативи, во насока на промовирање и унапредување на регионалната стабилност и безбедност. цр/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан