• сабота, 23 ноември 2024

Средба на претседателот на Уставен со тим лидерот на ИПА 3 проектот за унапредување на капацитетите на судот Карстен Манке

Средба на претседателот на Уставен со тим лидерот на ИПА 3 проектот за унапредување на капацитетите на судот Карстен Манке

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, заедно со судијките Ана Павловска – Данева и Татјана Васиќ – Бозаџиева, денеска одржаа работна средба со тим лидерот на ИПА 3 проектот за унапредување на капацитетите на судот, Карстен Манке, како и со негови експерти ангажирани за спроведување на проектот. 

Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, претседателот Костадиновски ги информирал претставниците од експертската група за неговите приоритети во работењето и областите во кои очекува поддршка за зајакнување на капацитетите со помош на инструментот ИПА 3, овозможен од Европската Унија. 

– Клучни компоненти во оваа програма ќе бидат: Подобрени законодавни, нормативни и компетенции на надлежност на Уставниот суд и заштита на основните права; Зајакнати менаџерски, административни и капацитети за човечки ресурси, зголемена транспарентност; Подобрено управување со работата на Уставниот суд и квалитетот на уставната правда. На средбата беше договорена динамиката по која ке се постапува за имплементирање на компонентите од проектот, се наведува во соопштението на Уставниот суд. ра/са/

Фото: Уставен  суд

Остани поврзан