• четврток, 26 декември 2024

Средба на претседателот на ССМ со претседателот на Комисијата за финансирање и буџет

Средба на претседателот на ССМ со претседателот на Комисијата за финансирање и буџет
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски и претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојановски денеска остварија средба во врска со денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која треба да се разгледува амандманот на ССМ за зголемување на платите во јавниот сектор. Од ССМ очекуваат сите пратеници да го поддржат нивниот амандман кој, како што соопштија, е чисто работнички и од егзистенцијално значење. - Имавме во предвид дека е потребно амандманот да биде доставен до Собранието согласно Деловникот за да може да биде прифатен од страна на пратениците и поради тоа очекуваме сите пратеници да го поддржат амандманот на ССМ кој е чисто работнички и од егзистенцијално значење, а согласно процедурите доставен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието, пред се поради тоа што соработката претставниците на работниците и претставниците на народот што претставува значајна алка за унапредување на работничките права и во иднина треба да биде пракса за надминување на сите предизвици, се наведува во соопштението на ССМ. Од ССМ побараа од Стојановски на денешната седница на Комисијата овој став да биде презентиран и да биде доставено писмото кое ССМ го достави до сите членови на Комисијата. На средбата исто така присуствуваа и потпретседателите на Советот на ССМ, Иван Пешевски и Игор Ѓерасов како и пратеничката Дафина Стојаноска. бт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан