• среда, 18 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието Џафери со српскиот министер за наддворешни работи Селаковиќ

Средба на претседателот на Собранието Џафери со српскиот министер за наддворешни работи Селаковиќ
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на денешната средба со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, ја потенцирал засилената динамика на билатералните односи на највисоко ниво меѓу двете страни и изразил надеж дека овој квалитет и континуитет на оваа комуникација и соработка ќе продолжи и понатаму. - Тој го истакна значењето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, како можност за регионално поврзување и соработка на земјите од Западен Балкан, а воедно и како порака до нашите европски пријатели во Брисел дека земјите од регионот полека изразуваат спремност кон прифаќање на европските вредности и интеграции, принципите на соработка и помирување меѓу себе, се наведува во соопштението од кабинетот на Џафери. Во таа насока на регионална соработка, Џафери го потенцирал значењето на трговската и економската соработка со Република Србија, која воедно претставува и наш трет по големина трговски партнер. Изразил и надеж дека во периодот што следи, ќе се постигне конечно решение во однос на спорот со Република Бугарија и одобрувањето на нашата преговарачка рамка со ЕУ. Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, изразил задоволство од оваа посета на Собранието на Република Северна Македонија, при што ја нагласил досегашната интензивна соработка со неговиот колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Изразил надеж дека оваа комуникација ќе продолжи и во наредниот период. - Тој го потврди фактот дека меѓусебните односи се на високо ниво, а го потенцираше и значењето на парламентарната соработка. Истакна дека економската и културна соработка е исто така на едно солидно ниво и во таа насока, ја пофали потпишаната взаемна спогодба за отворање на културни центри во двете земји. Министерот Селаковиќ изрази поддршка за нашиот евроинтеграциски пат и воедно поддршка за нашето успешно идно претседавање со ОБСЕ наредната 2023 година, се подвлекува во соопштението. На средбата двајцата соговорници се согласиле дека интензивната политичка соработка и во наредниот период ќе продолжи на секое поле. цр/са/

Остани поврзан