• недела, 24 ноември 2024

Средба на претседателот на Собранието Гаши со шпанскиот амбасадор Сориано Ортис

Средба на претседателот на Собранието Гаши со шпанскиот амбасадор Сориано Ортис

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортис.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот Гаши истакнал дека Шпанија е наша пријателска земја, со која сме сојузници во НАТО, со надеж дека тоа ќе се случи и во рамки на Европската Унија.

- Парламентарната соработка може да се зајакне на ниво на Пратеничките групи за соработка, кои континуирано се формираат во двете Собранија, се наведува во соопштението.

Одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерална соработка меѓу Шпанија и нашата земја, шпанскиот амбасадор ја укажал како можност за зајакнување на оваа соработка на повеќе полиња, како политичко, економско, социјално, културно.

- Тој остави отворена врата за поддршка и помош на европскиот пат. Парламентарната дипломатија ја укажа како силна алатка за зајакнување на меѓусебните односи. Со оглед на новиот мандат на двата соговорника, вербата е дека во овие години соработката меѓу двете земји ќе се издигне на едно значително ниво, со зближување на Собранијата, земјите, народите, соопшти Собранието на РСМ. цр/са/

Фото: Собрание на РСМ

 

Остани поврзан