• среда, 18 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието, Гаши, со италијанскиот амбасадор, Силвестри

Средба на претседателот на Собранието, Гаши, со италијанскиот амбасадор, Силвестри

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) -  Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска го примил во проштална посета амбасадорот ан Италија во земјаа, Андреа Силвестри.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши истакнал дека „високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат“.

-Констатираше дека Собранието и понатаму останува посветено на добрата и контиунуирана соработка со Италијанската амбасада, со истата динамика како и досега. Го истакна задоволството што пролетва одбележавме 30 години од воспоставувањето на нашите дипломатски односи, кои се карактеризираат како традиционално добри и пријателски односи, со активен политички дијалог и динамична секторска соработка, се наведува во соопштението. 

Амбасадорот Силвестри изразил „особено задоволство од реализацијата на неговиот мандат во земјава, кое го вреднува како драгоцено професионално искуство од земја со мултиетнички карактер и богат плурализам во политичкиот живот“.

-Двајцата соговорници разговараа за актуелните состојби, законодавната агенда и следните чекори во процесот на евроинтеграцијата на земјата и ја констатираа заложбата да се негува и развива демократскиот капацитет на државата. На крајот на средбата, претседателот Гаши му посака успех во идните професионални ангажмани на амбасадорот во заминување, при што беа разменети пригодни подароци како симбол на досегашната успешна и конструктивна соработка, информира Собранието. хс/са/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан