• недела, 24 ноември 2024

Средба на претседателот на Собранието Гаши со делегација од НДИ

Средба на претседателот на Собранието Гаши со делегација од НДИ

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши за време на престојот во Соединетите Американски Држави остварил средба во Националниот демократски институт (НДИ), каде се сретнал со делегација предводена од Роберт Бенџамин, директор во НДИ за Централна и Источна Европа.

-Претседателот Гаши се заблагодари за поддршката од НДИ на Собранието во последните 25 години и изрази уверување дека нашата успешна соработка ќе продолжи и во втората фаза од Програмата за поддршка на Собранието/ПСП. Тој истакна дека Собранието високо го цени придонесот и поддршката на НДИ за зајакнување на институционалниот развој, транспарентноста на Собранието и градењето на капацитетите на Собранието, соопшти собраниската прес-служба.

Директорот на НДИ Бенџамин го запознал претседателот на македонскиот Парламент со степенот на реализација на тековните проекти и следните активности.

-На средбата беше констатирано дека вложувањата во собраниските капацитети претставува инвестиција од трајна вредност за државата, посочува Собранието во соопштението. 

Собранието ја започна соработката со НДИ во 1999 година со Програмата за практикантска работа, со која најдобрите студенти во државава  беа распоредени на пракса во Собранието. хс/са/ 

Фото: Собрание на Република Северна Македонија 

Остани поврзан