• недела, 24 ноември 2024

Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со британската амбасадорка Галовеј

Средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со британската амбасадорка Галовеј

Скопје, 17 мај 2021

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, денеска остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, г-ѓа Рејчел Галовеј.

На средбата се разговараше за актуелните случувања во земјава, по што претседателот Мицкоски посочи на истата дека Македонија стана земја каде навистина тешко се живее, за жал ветувањата за развојна економија на власта резултираа со економско дно за граѓаните.

Претседателот Мицкоски на амбасадорката и ги пренесе причините за се поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава.

Мицкоски порача дека немањето на доволен број на инвестиции како и навистина катастрофалната реализација на капиталните расходи, но и екстремното задолжување кое стигна над 60% од БДП не им овозможува на македонските граѓани стабилна иднина.

Претседателот Мицкоски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото кралство и ја дава на Македонија, како и интересот да се слушнат проблемите на граѓаните по насока на создавање подобри демократски капацитети и дијалог за изнаоѓање на решенија за суштински реформи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан