• среда, 18 декември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес, информираат од нејзиниот кабинет. 

На средбата се разговарало за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки приоритет на државата. Во тој контекст претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека поддршката од страна на нашите пријатели и партнери во ЕУ, вклучувајќи ја и Франција, за нас е високо ценета и значајна.

-Претседателката Сиљановска Давкова изрази очекување за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, преку враќање на вербата во мериторниот процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхагенските критериуми. Таа изрази надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите кои се главен национален приоритет и воедно изрази очекување за подлабока соработка со Француската петта република за примена на француските искуства во развојот на демократијата, се вели во соопштението.

Во контекст на владеење на правото, како прв и најважен критериум од Копенхаген, претседателката ги посочила актуелните внатрешни предизвици врзани за нарушениот уставен принцип на поделба на власта без која нема парламентарна демократија. сст/aa/

Фото: Кабинет на Гордана Сиљановска Давкова

 

 

 

 
 
 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан