• сабота, 28 декември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со украинската амбасадорка Дир

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со украинската амбасадорка Дир

Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Украина во Скопје Лариса Дир. 

Како што се наведува во соопштението, на средбата, било изразено задоволство од традиционалните пријателски односи, засновани на заемна почит и меѓусебно разбирање. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласила нејзината заложба за продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, реафирмирајќи ја поддршката за Украина против руската агресија, со која се поткопува европската глобална безбедност и стабилност.

Двете соговорнички, како што се посочува, размениле мислења и за стратешките определби и перспективите на двете земји, истакнувајќи ја потребата од натамошна заемна помош, споделување искуства и експертиза. Сиљановска Давкова ја нагласила македонската поддршка за Украина на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО.

Амбасадорката Дир, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова ѝ посакалс успешно извршување на функцијата. ев/сст/

Остани поврзан