• недела, 24 ноември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, остварила средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата Сиљановска Давкова и Милатовиќ ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.

- Во разговорот беше нагласена неопходноста од продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во насока на исполнување на заедничките стратешки определби за членство во Европската Унија и беше изразена подготвеност за продлабочување на регионалната соработка со цел одржување на стабилноста и економскиот напредок на земјите од регионот, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова посочила дека евроинтеграцијата на државите од регионот е од суштинско значење за стабилноста и развојот и во таа насока е потребна јасна перспектива за приклучување кон ЕУ, доследно вреднување на копенхагенските критериуми и нивна кредибилна имплементација.

На средбата, како што стои во соопштението, била изразена подготвеност за натамошно продолжување на политичко-безбедносната соработка и партнерството во рамките на НАТО, а биле разменети мислења за актуелните политички и безбедносни случувања во регионот и во Европа. цр/ац/

Фото: кабинет на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Остани поврзан