• среда, 13 ноември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со генералната секретарка на СЕ, Пејчиновиќ Буриќ

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со генералната секретарка на СЕ, Пејчиновиќ Буриќ

Скопје, 12 јун и2024 (МИА) - Претседателот на државата Гордана Сиљановска Давкова остварила средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, на маргините на конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин.

Како што денеска соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, на средбата било разговарно за плодната соработка со Советот на Европа во клучните реформски процеси во земјава, за високата заемна посветеност, како и за проектите кои преку програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, успешно се реализираат во различни области, а во насока на остварувањето на македонските аспирации за членство во Европската Унија.

- Претседателката Сиљановска Давкова, осврнувајќи се на демократскиот капацитет на нашите институции, ги нагласи заложбите за унапредувањето на човековите права и владеењето на правото, како едни од базичните предуслови за напредокот на македонското општество. На средбата беше истакната важноста на темата родова еднаквост и спроведувањето на Истанбулската Конвенција, се наведува во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Двете соговорнички размениле мислења и за европската перспектива на регионот, како и за нашиот значаен придонес во обезбедувањето на мирот и стабилноста на Европа. цр/са/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова
 

Остани поврзан