• сабота, 23 ноември 2024

Средба на првиот вицепремиер Груби со генерал Весли Кларк

Средба на првиот вицепремиер Груби со генерал Весли Кларк
Скопје, 8 јули 2021 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со американскиот генерал Весли Кларк, поранешен врховен командант на сојузничките сили на НАТО во Европа. На средбата Груби, како што соопшти неговиот Кабинет, истакна дека денес се чувствува почестен што во посета на нашата земја е поранешниот врховен командант на НАТО и голем пријател на нашата земја - генералот кој ја водеше мисијата што го заврши болното поглавје од историјата на балканските земји. Груби и Кларк разговараа и за политичката и безбедносната состојба во земјата и регионот, како и напредокот и достигнувањата што земјата ги има направено низ годините, станувајќи пример за земјите од регионот во однос на мирот, стабилноста и напредокот. - Република Северна Македонија како земја-членка на НАТО веќе придонесува во мировните мисии во странство, додека предизвикот на овој пат е благодарение на поддршката и пријателството со Соединетите Американски Држави и заемниот придонес, со што сме благодарни за патот што го следат слободните и демократски нации во светот, рече првиот вицепремиер. Од друга страна, Кларк изјави дека нема да недостасува поддршката за целите на Владата за економски развој и социјален просперитет, додавајќи дека Република Северна Македонија е една од пријателските земји на Соединетите Американски Држави во Европа и симбол на одлучност во демократскиот свет, информира Кабинетот на првиот вицепремиер Груби. хс/лв/

Остани поврзан