Средба на пратеникот Коњановски со амбасадорот на Казахстан
- Како што соопшти собраниската прес-служба, амбасадорот Бурашов врачил покана за посета на пратеници од Собранието на Северна Македонија на Парламентот во Астана во текот на оваа година, кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето дипломатски односи на нашата земја со Казахстан. Поканата е потпишана од претседателот на Групата за соработка со Собранието на Северна Македонија во Парламентот на Казахстан.

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Северна Македонија за соработка со парламентите на Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан, Никола Коњановски, денеска остварил средба со амбасадорот на Казахстан во земјава Садбалди Бурашов.
Како што соопшти собраниската прес-служба, амбасадорот Бурашов врачил покана за посета на пратеници од Собранието на Северна Македонија на Парламентот во Астана во текот на оваа година, кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето дипломатски односи на нашата земја со Казахстан. Поканата е потпишана од претседателот на Групата за соработка со Собранието на Северна Македонија во Парламентот на Казахстан.
Коњановски изразил задоволство од билатералните односи меѓу двете земји, посочувајќи дека постои взаемна волја за продлабочување на соработката, посебно во економијата, културата, туризмот и во други сфери од заеднички интерес, стои во соопштението.
Соговорниците ја потврдиле потребата од интензивирање на бизнис-соработката и разменија мислења околу мерките што би можеле да се преземат во таа насока, вклучително со организирање бизнис-форум во земјава за стопанственици од Казахстан. нд/ац/
Фото: Собрание