Средба на поранешниот претседател Пендаровски со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј Први Цариградски
- Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а, во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската Патријаршија како врховно институционално тело во православието. дма/мд/
Фото: Кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски