• петок, 27 декември 2024

Средба на повардарскиот митрополит Агатангел со градоначалникот Колев

Средба на повардарскиот митрополит Агатангел со градоначалникот Колев
Велес, 10 февруари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев денеска оствари средба со митрополитот повардарски г Агатангел. Работната средба се одржа во просториите на Повардарската епархија по покана на владиката и на неа се разговараше за клучни прашања, важни за општината, информираат од Општина Велес. Додаваат дека Општина Велес и градоначалникот Колев се секогаш отворени за соработка со сите верски заедници во општината во насока на решавање на проблемите и подобрување на условите за живот за граѓаните на Велес. Инаку претходната локална власт за својот четиригодишен  мандат ги прекина директните контакти и соработката на  Општина Велес со Повардарската епархија, а изостануваше и заедничкото чествуваше на заштитникот на градот „Св. Пантелејмон“ во истоимената соборна црква на Повардарската епархија во Велес. Жителите на Општина Велес за МИА посочуваат дека  од новата локална власт  очекуваат   ова лето, во август да продолжи заедничкото чествување со  културно уметничка програма на празникот посветен на „Св. Панталејмон“ на 8 и 9 август.ад/вј/

Остани поврзан