• недела, 06 октомври 2024

Средба на Пендаровски со потпретседател на Хабитат за Европа, Среден Исток и Африка, Рик Хатавеј

Средба на Пендаровски со потпретседател на Хабитат за Европа, Среден Исток и Африка, Рик Хатавеј
Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со потпретседателот на Хабитат за хуманост Интернешнл, за Европа, за регионот на Среден Исток и за Африка, Рик Хатавеј. На средбата, Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, бил информиран за активностите и проектите на оваа непрофитна организација којашто преку изградба на нови или реконструкција на постојни објекти обезбедува соодветно домување за посиромашните луѓе. Пендаровски, изразил благодарност за досегашниот ангажман на оваа интернационална организација во нашата држава, притоа искажувајќи поддршка за тековните и најавените проекти на Хабитат - Македонија, којашто е дел од глобалната мрежа којашто е активна во повеќе од 70 држави и има помогнато на над 35 милиони луѓе. аа/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан