Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан
- - На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и конструктивната соработка меѓу двете земји, а разговаравме и за унапредување на политичкиот дијалог и економската соработка. Во оваа насока, во име на Владата, потпишав два меморандуми – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи, објави министерот Муцунски на неговиот фејсбук профил.

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
- На средбата ги потврдивме добрите билатерални односи и конструктивната соработка меѓу двете земји, а разговаравме и за унапредување на политичкиот дијалог и економската соработка. Во оваа насока, во име на Владата, потпишав два меморандуми – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи, објави министерот Муцунски на неговиот фејсбук профил.
На средбата, како што напиша Муцунски, биле разменети мислења и за актуелните геополитички случувања во светот, а била нагласена важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. цр/бак/
Фото: Фејсбук на министерот Тимчо Муцунски