• понеделник, 18 ноември 2024

Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси

Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски и пратениците и членови на ИК Марија Митева и Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

- Во духот на одличната соработка беше и оваа средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски, како што информираат, на средбата истакнал дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација. аа/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан