• петок, 20 декември 2024

Средба на министрите за одбрана на Хрватска и Словенија

Средба на министрите за одбрана на Хрватска и Словенија
Загреб, 8 ноември 2022 (МИА) – Хрватска и Словенија се посветени на решителна поддршка на Украина во борбата за независност, суверенитет и територијален интегритет, изјавија денеска во Љубљана министрите за одбрана на двете земји, Марио Баножиќ и Марјан Шарец. - Нашите министерства и нашите армии соработуваат во многу области во НАТО и ЕУ. Сметаме дека тоа е важно во контекст на актуелните безбедносни предизвици во Европа, рече Баножиќ. Баножиќ и Шарец ја потврдија одличната билатерална одбранбена соработка, особено на копнените сили, а разговараа и за мултилатерални и билатерални активности и иницијативи во кои учествуваат Хрватска и Словенија, пренесе Бета. – Ја истакнавме важноста на операцијата КФОР на НАТО во Косово, како и важноста од континуираното присуство и дејствување на операцијата ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, рече Баножиќ, нагласувајќи ја важноста на заедничкиот придонес за безбедноста, одвраќањето и одбрана на источното крило на НАТО. јт/

Остани поврзан