• понеделник, 19 јануари 2026

Средба на министерот Хоџа со делегација од СКСЗМ, во фокусот предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции

Средба на министерот Хоџа со делегација од СКСЗМ, во фокусот предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции

Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа денеска одржа работен состанок со делегација од Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), предводена од в.д. претседателот Нухи Алиу.

Како што соопшти Министеството за животна средина и просторно планирање, за време на состанокот членовите на комората му го честитаа мандатот на министерот Хоџа и беше договорено страните да го продлабочат институционалното партнерство и размената на идеи за прашања од заеднички интерес.

- На состанокот се разговараше на теми поврзани со имплементацијата на еколошките стандарди, просторното планирање, управувањето со отпадот, енергетската ефикасност, како и влијанието на еколошките политики врз економскиот развој и бизнис-климата во регионот каде што дејствува СКСЗМ, соопшти МЖСПП. 

Министерот Хоџа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање го смета бизнис-секторот за важен партнер во изградбата на одржлив развој и усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата. Тој нагласи колку е значаен отворениот дијалог и континуираната комуникација за пронаоѓање практични и избалансирани решенија.

- Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност за понатамошна соработка, претставувајќи ги предизвиците со кои се соочуваат бизнисите, како и конкретни предлози за подобрување на процедурите и поддршка на зелени инвестиции, се наведува во соопштението. мд/аа/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање 

 

Остани поврзан