• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Филков со државниот јавен обвинител Коцевски

Средба на министерот Филков со државниот јавен обвинител Коцевски

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков денеска остварил средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски на која се дискутирало за тековните активности на двете институции.

Обвинителот Коцевски, како што соопштија од Министерството за правда, ги презентирал состојбите и предизвиците со кои се соочува Јавното обвинителство, особено во сферата на дигитализацијата, недостигот на човечки ресурси, како од редот на обвинителите, така и стручната служба кои со години стојат непополнети.

Министерот Филков изразил подготвеност во рамките на своите надлежности да даде поддршка на активностите на јавното обвинителство во перидот што претстои со цел унапредување на владеењето на правото во државата. цр/ац/

Фото: Министерство за правда

 

Остани поврзан