• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Тошковски со претставници на полициските синдикати

Средба на министерот Тошковски со претставници на полициските синдикати

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија, соопштија од МВР.

На средбите министерот Тошковски ја изразил својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочил дека како министер има чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост и во таа насока, се наведува во соопштението, ќе биде партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.

- Од страна на министерот беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а од негова страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес, се додава во соопштението од МВР.

Од страна на раководителите, министерот Тошковски бил запознаен со структурата и работата на синдикатите и била изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување партнерски однос со министерот во насока на подобрување на условите и работата на министерството. цр/са/

Фото: МВР

 

 

 

 

Остани поврзан