• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Тошковски со американската амбасадорка Агелер

Средба на министерот Тошковски со американската амбасадорка Агелер

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во следниот период ќе биде фокусирано na борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет што е еден од главните столбови на владината програма, истакна министерот Панче Тошковски на денешната работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела  Агелер.

Тој изрази благодарност за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави постојано и ја дава на земјава, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата, со акцент на обуки на персоналот и набавка на опрема.

Амбасадорката Агелер му се заблагодари на министерот Тошковски за континуираната одлична соработка на двете држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД  за поддршка и соработка и во наредниот период.вј/нд/

Фото: МВР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан