• сабота, 06 декември 2025

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Катар, Рашид Бин Саид Ал-Кајарин

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Катар, Рашид Бин Саид Ал-Кајарин

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со вршителот на должноста амбасадор на Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин, на која биле потврдени пријателските односи помеѓу двете држави.

Како што соопшти МВР, на средбата биле разгледани можностите и потенцијалите за соработка помеѓу двете министерства и полиции.

- Министерот Тошковски ја обнови иницијативата за склучување на заедничка декларација за намери за заемно признавање на возачките дозволи. Беа разгледани и сите други аспекти на соработка во областа на безбедноста и полициското работење, размена на информации, едукација на полициски служби, како и соработка во борбата против сите видови организиран криминал, соопшти МВР. цр/ац/

Фото: МВР

 

Остани поврзан