• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со амбасадорката на Украина, Лариса Дир, на која заеднички била изразена надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период.

- На средбата беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно.

На средбата изразив уверување дека привремената заштита ќе продолжи и најавив интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка, објави министерот Тошковски на неговиот фејсбук профил.

Тој напиша дека заедничко било задоволството од долгогодишната одлична соработка помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол. цр/ац/

Фото: Фејсбук на министерот Панче Тошковски

Остани поврзан