• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Која

Средба на министерот Спасовски со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Која
Скопје, 2 септември 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс  Која на кого му завршува работниот мандат во земјава. На средбата министерот Спасовски му се заблагодарил на амбасадорот Која за поддршката и одличната соработка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Министерството за внатрешни работи во многу заеднички успешно реализирани проекти, изразувајќи уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор. Како што соопштија од МВР, министерот Спасовски му врачил плакета од МВР на амбасадорот Која во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР.   цр/са/  

Остани поврзан