• четврток, 19 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со Карл Рејшам, аташе на ИЦИТАП

Средба на министерот Спасовски со Карл  Рејшам, аташе на ИЦИТАП
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Министерот Оливер Спасовски денеска имаше работна средба  со Карл Рејшам по повод завршувањето на неговиот работнен ангажман на функцијата аташе на ИЦИТАП Програмата на Амбасадата на САД во Скопје. Министерот Спасовски притоа му додели плакета на аташето Карл Рејшам, за успешна соработка и континуирана поддршка во модернизирањето на  капацитетите на МВР упатувајќи му честитки за неговото официјално пензионирање. -Средбата помина во  пријателска атмосфера со посебна благодарност кон  г. Рејшам за заложбите и  неговата посветеност во реализацијата на сите досегашни проекти  наменети за полицијата. Министерот Спасовски го увери аташето Рејшам дека припадниците на македонската полиција, со негова поддршка, ќе продолжат со имплементација на сите започнати проекти и програмите со кои се зголемува професионалноста во секојдневната работа, информираат од МВР. Аташето Рејшам упатил благодарност до министерот Спасовски и до полициските службеници за одличната соработка, посветеност и активното учество во сите програми и проекти кои вродија со плод и посочи дека заминува задоволен од функцијата, со надеж дека во иднина повторно ќе биде во можност да работи со македонската полиција. сст/са/  

Остани поврзан