• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со заменик директорот на швајцарскиот Државен секретаријат за миграција, Машоли

Средба на министерот Спасовски со заменик директорот на швајцарскиот Државен секретаријат за миграција, Машоли
Скопје, 31 март 2022 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работна средба помеѓу ресорниот министер Оливер Спасовски и заменик директор на швајцарскиот Државен секретаријат за миграција, Винченцо Машоли, придружуван на амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман. На сребата се разговарало за Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален Совет за воспоставување на партнерство за миграција, кој наскоро се очекува да биде потпишан, со што ќе се продлабочи и прошири соработката во областа на миграцијата. Како што се наведува во соопштението од МВР, тоа би значело воспоставување на редовен и постојан дијалог во насока на заеднички процес на размислување помеѓу двете партнерски држави. Министерот Спасовски се заблагодари за досегашната поддршка од страна на швајцарската Влада, како и за соработката во сите области на полициското работење. цр/сп/

Остани поврзан