• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со деканот на Факултетот за безбедност Дујовски

Средба на министерот Спасовски со деканот на Факултетот за безбедност Дујовски
Скопје, 14 мај 2021 (МИА)- Министерот за внатрешни работи  Оливер Спасовски оствари средба со деканот на Факултетот за безбедност  проф. д-р Никола Дујовски со цел увид во тековните градежни активности на објекти на факултетот, за чие што реновирање се издвоени 1.535.845 денари, средства обезбедени од Буџетот на Министерството за образование и наука и Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола. Министерот Спасовски и деканот Дујовски изразиле задоволство од досегашниот тек на градежните активности и динамиката на нивна реализација, со очекување би завршиле до крајот на месецов. -Во рамки на посетата министерот Спасовски и деканот Дујовски со своите најблиски соработници остварија и работна средба на која стана збор за јакнење  и  надоградување на досегашната соработка меѓу МВР и Факултетот за безбедност, размена на искуства и  спроведување за различни видови на обуки, за  потребите на студентите на факултетот и за полициските службеници.  И двете страни се согласија дека ваквиот концепт на учење ќе помогне во поддршката и зајакнувањето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, во реформирање на системите и процесите и, секако, на ефективно исполнување на зацртаните цели и подобрување на резултатите, стои во соопштението од МВР. Министерот Спасовски во знак на исклучителната соработка, а по повод 7 мај Денот на полицијата, на Дујовски му  доделил Плакета за особен придонес во промоцијата на професионализмот во Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од Министерството, во изминатите неколку години факултетот инвестирал вкупно 8.540.691 денари на капитални инвестиции во реконструкција и реновирање на објектите на факултетот, со што значително се подобриле условите за работа и студирање.свс/лв/

Остани поврзан