• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ на која и завршува мандатот во земјава.

-На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Петровиќ за  поддршка и  соработката на нашите две пријателски земји како и на нашите две Министерството за внатрешни работи  и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор, соопшти попладнево МВР.

Во оваа прилика министерот Спасовски и врачил пригоден подарок  на амбасадорката Петровиќ во знак на благодарност за успешната соработка.   дма/

Фото:МВР

Остани поврзан