• среда, 25 декември 2024

Средба на министерот Спасовски и државниот секретар Несторовска со државниот секретар во МВР на Црна Гора, Миљаниќ

Средба на министерот Спасовски и државниот секретар Несторовска со државниот секретар во МВР на Црна Гора, Миљаниќ
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред еден час на неговиот ФБ профил објави дека денеска заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска се сретнале со државниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, кој престојува во работна посета на нашето министерство. - На средбата стана збор за тековната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи, поспецифично за Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора за реадмисија на лица кои се без дозвола за престој и за Протоколот за спроведување на споменатата Спогодба, напиша министерот Спасовски на ФБ. цр/скс/

Остани поврзан