Средба на министерот Сали со амбасадорот Лудва: Поддршка за реформите и европската интеграција
- Министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, на која беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и за приоритетите поврзани со реформската агенда и пристапниот процес, информираат од МЕП.
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва, на која беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и за приоритетите поврзани со реформската агенда и пристапниот процес, информираат од МЕП.
Министерот Сали ја истакнал посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото, реформата на јавната администрација, функционирањето на демократските институции и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

- Соговорниците ја нагласија важноста од континуираната поддршка на Чешката Република за европската перспектива на Северна Македонија, како и можностите за продлабочување на соработката во области поврзани со пристапниот процес, размена на искуства, користење на европските фондови и јакнење на институционалните капацитети - се вели во соопштението од МЕП.
На средбата била истакната и досегашната соработка преку европските инструменти, како и поддршката на Чешката Република преку разни проекти со директно влијание врз локалните заедници.
Министерот Сали изразил благодарност за континуираната поддршка и ја нагласи подготвеноста на Министерството за европски прашања за натамошно продлабочување на соработката. сст/мд/
Фото МЕП