• недела, 24 ноември 2024

Средба на министерот Оливер Спасовски со извршниот директор на Европол, Катрин Де Бол

Средба на министерот Оливер Спасовски со извршниот директор на Европол, Катрин Де Бол
Скопје, 5 мај 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари билатерална средба со извршниот директор на Европската Агенција за спроведување на законот (Европол), Кетрин Де Бол, Жан Филип Лекуфе, заменик извршниот директор за операции, Илија Пулов, вишиот советник и Андреј Грошељ, началник на тим. Министерот Спасовски упатил благодарност до директорката Де Бол за посетата на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи, а по повод Регионалната конференција на директори на полиции од регионот на Западен Балкан. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, двајцата соговорници се согласиле дека оваа средба е уште една потврда за веќе сработеното, но и поттик за отворање нови можности за соработка, со надеж за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес како што се спречувањето на недозволена трговија со дрога, шверц со оружје, борбата против илегална миграција, борба против корупција, како и сајбер безбедност како форма на современ безбедносен предизвик. Од страна на директорката на Европол, Де Бол, било изразено задоволство од соработката помеѓу нашата држава и Европол. Таа посочила дека Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи се сериозен партнер во борбата против криминалот, а воедно истакнала дека нашата држава е прва земја потписничка на Договорот за оперативна и стратешка соработка. - Воедно, таа информираше за формирањето на нов сектор за економски криминал во Европол, што значи зголемени можности и алатки за финансиски истраги, што ќе биде од исклучителна важност и на иста линија со новиот Оддел за финансиски криминал при МВР, формиран 2017 година и кој бележи одлични резултати, факт којшто го истакна и поздрави директорката Де Бол – Северна Македонија бележи последна конфискација од 32 милиони евра, информираат од МВР и дополуват дека  директорката Де Бол упатила честитки по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција.фф/лв/

Остани поврзан