• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Филипиду

Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Филипиду

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, на која изразил уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници.

Како што соопштија од МНР, министерот Муцунски истакнал дека наш интерес е градење добрососедски односи во функција на безбедност, стабилност и просперитет на Регионот.

- Земјава останува определена кон  натамошно унапредување на билатералните односи, преку отворен дијалог за сите прашања од заемен интерес, а во функција на нејзино збогатување со нови содржини и во полза на просперитетот и благосостојбата на граѓаните од двете земји, се наведува во соопштението од МНР.

Соговорниците го реафирмирале интересот за интензивирање на економската соработка, дотолку повеќе што Грција е меѓу петте земји со кои Република Северна Македонија оствари најголем обем на трговска размена во изминатата година. цр/ац/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан