• четврток, 26 декември 2024

Министерот Муртезани се сретна со новиот бугарски амбасадор Радуков

Министерот Муртезани се сретна со новиот бугарски амбасадор Радуков

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска остварил средба со новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија во Северна Македонија, Жељаско Радуков.

Министерот Муртезани, како што соопшти Министерството за европски прашања, изразил надеж за успешни парламентарни избори во Бугарија, гледајќи ги како важен чекор за унапредување на билатералните односи преку продлабочување на заемната доверба.

Тој ја нагласил силната посветеност на Владата кон европската агенда и нејзините активни напори за постигнување достоинствено решение во контекст на исполнување на потребните услови за забрзување на процесот кон полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Муртезани и Радуков ја истакнале важноста од консолидација на заемната доверба и соработка, особено во контекст на евроинтегративниот процес, на кој треба да се гледа како на заеднички стратешки приоритет. За време на разговорот бил потенциран ангажманот за конструктивен и транспарентен дијалог со цел унапредување на добрососедските односи и решавање на заедничките предизвици во духот на соработка и партнерство. дма/са/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан