• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на министерот Муртезани со неризедентната данска амбасадорка, Пернил Далер Кардел

Средба на министерот Муртезани со неризедентната данска амбасадорка, Пернил Далер Кардел

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска остварил средба со неризедентната амбасадорка на Кралството Данска во Северна Македонија со седиште во Белград, Пернил Далер Кардел. Акцентот на разговорот беше ставен врз напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и на регионалните перспективи за проширување, соопшти МЕП.

Муртезани изразил благодарност за континуираната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на регионот. Министерот и амбасадорката го потенцирале значењето на исполнувањето на Копенхашките критериуми како клучен предуслов за успешна интеграција во Унијата.

Соговорниците констатирале дека Копенхашките критериуми, кои опфаќаат стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и функционирање на пазарната економија, претставуваат суштинска основа за нашите реформски процеси и напредокот кон полноправното членство во ЕУ.

На средбата била најавена посетата на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере во април годинава, додаваат од Министерството.

Муртезани истакнал дека оваа посета ќе биде значајна за продолжување на дијалогот за нашето европско досие, особено во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, кое од 1 јули годинава Данска го презема од Полска.

Соговорниците се осврнале и на приоритетите на данското претседавање, со посебен акцент на Северна Македонија и регионот, нагласувајќи дека во услови на актуелни геополитички предизвици, заживувањето во пракса на политиката на проширување претставува императив и клучен фактор за стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. нд/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан