Средба на министерот Муртезани со координаторката на ОН во земјава Рита Колумбиа
- Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбиа. Главна тема на разговорот беше унапредувањето на соработката меѓу Министерството за европски прашања и системот на ОН во насока на поддршка на реформските процеси поврзани со европската интеграција на земјата, информираат од Министерството за европски прашања.

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбиа. Главна тема на разговорот беше унапредувањето на соработката меѓу Министерството за европски прашања и системот на ОН во насока на поддршка на реформските процеси поврзани со европската интеграција на земјата, информираат од Министерството за европски прашања.
Министерот Муртезани ја нагласил важноста на интегрираниот пристап кој го применуваат агенциите на ОН во поддршката на реформите, особено во контекст на спроведување на Националната развојна стратегија и подготовката на новата Рамка за одржлива развојна соработка 2026-2030. Тој подвлекол дека системот на ОН во земјата претставува значаен сојузник во процесите на јакнење на институционалните капацитети, справување со социјалните и економските нееднаквости и спроведување на зелени политики усогласени со Европскиот зелен договор.
Координаторката Колумбиа, пак, ја потврдила подготвеноста на Обединетите нации да продолжат со техничка и експертска поддршка на Министерството за европски прашања во евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека напредокот во имплементацијата на Агендата 2030 е тесно поврзан со реформските приоритети на земјата. Таа го поздравила, како што рекла, проактивниот ангажман на Министерството за европски прашања во координирањето на донаторската помош и во вклучувањето на меѓународните партнери во стратешките процеси на Северна Македонија. сст/нд/
фото Министерство за европски прашања