• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Муртезани со италијанскиот амбасадор Силвестри

Средба на министерот Муртезани со италијанскиот амбасадор Силвестри

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) -  Поддршката на Италија е од големо значење, како и зацврстувањето на партнерските односи, било истакнато на денешната средба на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани со амбасадорот на Италијанската Република во Северна Македонија, Андреа Силвестри.

На средбата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, покрај  меѓусебните билатерални односи, се зборувало и за Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, чија цел е забрзување на социо-економската конвергенција на регионот во Европската Унија.

Амбасадорот Силвестри истакнал дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на европскиот пат и искажал подготвеност за континуирано зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес на двете земји. дма/ац/

Фото: СЕП

 

Остани поврзан