• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте. Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, постојаната поддршка на Романија за европската интеграција на Северна Македонија, Реформската агенда во контекст на Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан и други актуелни случувања.

Муртезани, како што информираат денеска од Министерството, се заблагодарил на амбасадорката Аксинте за конзистентната романска поддршка за нашиот евроинтегративен процес и за гласната поддршка на политиката на проширување со ЕУ, како со земјите од Западниот Балкан, така и со земјите од Источното партнерство.

На средбата, соговорниците изразиле подготвеност за продлабочување на соработката со Романија во спроведувањето на реформите преку споделување на искуства во процесот на преговори. сст/дма/

фото: Министерство за европски прашања

 

Остани поврзан