• недела, 24 ноември 2024

Средба на министерот Мисајловски со јапонскиот амбасадор Оцука

Средба на министерот Мисајловски со јапонскиот амбасадор Оцука

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Јапонија, Казуја Оцука и одбранбеното аташе полковник Ивасаки Томофуми.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, се разговарало за пријателските односи со Јапонија, потребата од зајакнување на билатералните врски и воспоставување на одбранбена соработка меѓу двете земји.

Министерот Мисајловски изразил благодарност за континуираната поддршката и придонесот на Јапонија во јакнење на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

На новопоставеното одбранбено аташе, полковникот Ивасаки, му посакал успех во работата.

Јапонскиот амбасадор Оцука се заблагодарил за средбата и изразил поддршка за претстојните реформските процеси во насока на развој на земјава и остварување на втората стратешка цел, членство во Европската Унија. дма/ац/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан