• вторник, 24 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имал средба со амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.

Како што информира Министерството за одбрана, каде што се одржала средбата, Мисајловски изразил благодарност до Чешка „за поддршката во развојот на капацитетите на Армијата и за силната поддршка на нашата земја во евроинтеграциските процеси“.

-Мисајловски и Лудва разговараа за продлабочување на одбранбената соработка во различни области со цел зајакната безбедност и посилни капацитети на двете земји, соопшти Министерството за одбрана. хс/аа/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан