• среда, 25 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, на која му посакал успешна дипломатска мисија и изразил задоволство од досегашната билатерална одбранбена соработка со Црна Гора.

Од Министерството за одбрана соопштија дека на средбата се разговарало за продлабочување на сојузничката соработката меѓу двете земји и за интензивирање на интегративните процеси за пристапување кон Европската Унија со една цел, стабилен, безбеден и просперитетен регион. цр/дма/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан