• петок, 27 декември 2024

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер

Скопје, 26 јули 2026 (МИА) - Во Министерството за одбрана министерот Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и новопоставеното одбранбено аташе полковник Бенсад Шиниковиќ, информираат од Министерството за одбрана. 

На средбата министерот Мисајловски изразил оромна благодарност до соговорниците и нивната држава, која, како што рекол, повторно, несебично и во најбрзо време одговорила на нашиот повик за помош за справување со пожарите.

-Одбранбена соработка меѓу двете земји во континуитет е во нагорна линија, а со потпишувањето на новиот билатерален договор се создадени услови за проширување и надградување на постојните области на соработка, било потврдено на денешната средба.

Амбасадорот Прескер нагласил дека Словенија изразува јасна поддршка за нашето членство во ЕУ и дека се подготвени да помогнат во реформските процеси. сст/ац/

Фото: МО

Остани поврзан