• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Минчев со директорот на Царинска управа, Николовски

Средба на министерот Минчев со директорот на Царинска управа, Николовски

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација (МЈА), Горан Минчев денеска оствари средба со директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на која се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката и насочување на административните процеси кои влијаат на царинското работење.

- Преку креирање на стратешки политики, решенија и унапредување на ефикасноста и ефективноста на јавните услуги, Министертсвото за јавна администрација, има за цел да поттикне систем на јавна администрација кој е транспарентен, ефективен и одговорен кон потребите на граѓаните, истакнал министерот Минчев, стои во соопштението од ресорното Mинистерство.

Директорот Николовски посочил дека соработката со Министерството за јавна администрација е од клучно значење за модернизирање на царинската служба преку обезбедување и развој на капацитети кои ќе доведат до ефикасно, транспарентно и отчетно работење. цр/ац/

Фото: МЈА

Остани поврзан