• среда, 25 декември 2024

Средба на министерот Минчев со британскиот амбасадор Лосон

Средба на министерот Минчев со британскиот амбасадор Лосон

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска остварил средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон, на која изразил благодарност за континуираната поддршка од Британската амбасада во процесот и реализацијата на кампањата и иницијативите насочени кон идните заложби и реформи во јавната администрација.

- Оваа соработка го нагласува силното партнерство помеѓу двете земји и заедничка посветеност за поттикнување транспарентно, ефикасно и фокусирано делување на јавната администрација, соопштија од Министерството за јавна администрација.

Министерот Минчев го информирал амбасадорот Лосон за визијата, приоритетите и заложбите на работата на министерството, насочени пред се, се додава во соопштението, кон постигнување на цели за поттикнување на поинклузивен и поефективен систем на јавна администрација. цр/нд/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Остани поврзан