• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот за јавна администрација Минчев со еврамбасадорот Рокас

Средба на министерот за јавна администрација Минчев со еврамбасадорот Рокас

Скопје, 28 септември 2024 (МИА) -  Министерот за јавна администрација, Горан Минчев  се сретна со новиот  амбасадор на Европската унија во државава Михалис Рокас, со кого ги разгледале тековните и планираните иницијативи на Министерството, со акцент на реформите во јавниот сектор.

Министерството за јавна администрација денеска соопшти дека двајцата соговорници ја истакнале значајната улога на Европската Унија како клучен партнер во напорите за подобрување на јавната администрација. Министерот Минчев посочил дека оваа средба е значаен чекор кон создавање на професионална и квалитетна јавна администрација, која ќе служи на граѓаните.

-Амбасадорот Рокас потврди дека ЕУ е подготвена да обезбеди поддршка и ресурси за реформите, кои ќе имаат позитивен ефект не само на вработените во јавниот сектор, туку и на целото општество. Тој ја нагласи важноста на редовниот дијалог за поддршка на реформите, со цел подобрување на јавната администрација, стои во соопштението.

Министерот Минчев нагласил дека Владата чекори по европскиот пат и оти нема друга алтернатива. Соработката со ЕУ е клучна за креирање квалитетни закони, кои ќе бидат ефективно имплементирани во иднина.

- Минчев го запозна амбасадорот Рокас со активностите на Министерството за јавна администрација во изминатите 90 дена. Амбасадорот ги поздрави напорите на Министерството за јавна администрација и целата Влада за почетокот на реформската агенда , како и планот и роковникот за истата, инфомрира МИОА.лв/

фото:МИА архива 

Остани поврзан