• петок, 27 декември 2024

Средба на министерот за дијаспора Чупи со директорот на ОМД за РСМ и регионот, Јорданов

Средба на министерот за дијаспора Чупи со директорот на ОМД за РСМ и регионот, Јорданов
Дебар, 29 јуни 2022 (МИА) - Министерот задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи денеска оствари средба со директорот на „Обединета Македонска Дијаспора" за Република Северна Македонија и регионот, Гордан Јорданов.
-Поразговаравме за интересите на заедниците од дијаспората и разменивме искуства, мислења и предлози од областа на заедничка соработка во делот на подршката и финансирањето на здруженијата од дијаспората. Го запознав со нашите моментни активности, проекти, планови и насоки во кои планираме да дејствуваме во иднина, објави министерот Чупи.
Додава дека се согласиле оти мора да дејствуваат со заедничка соработка.
- Тоа бидејќи почитуваме исти принципи, имаме исти идеали и основна заедничка цел, а тоа е да ја зацврстиме врската со нашата дијаспора, нагласува Чупи во објавата. вт/бт/

Остани поврзан