• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Бесими со италијанскиот амбасадор Силвестри

Средба на министерот Бесими со италијанскиот амбасадор Силвестри

Скопје 4 март 2022 (МИА) - Министерот за финансии Фатмир Бесими се сретна со амбасадорот на Италија во Скопје Андреа Силвестри со кого разговараше во врска енергетската криза и последиците врз економијата во Европа, за зајакнување на економската соработка со Италија и за италијанската поддршка за приклучување на земјава во Европска Унија.

На средбата, како што информираат од Министерство за финансии, било истакнато дека меѓу двете земји постојат можности за зголемување на економската соработката и дека тие треба да се искористат.

- Република Северна Македонија и Италија се сојузници во НАТО, а од Италија како дел од европското семејство е очекувана поддршката во реформите што ги спроведуваме на патот за приклучување во ЕУ. Приоритет ни се спроведување на реформите, зелената транзиција, енергетската ефикасност, зајакнување на човечкиот капитал, но и инвестициите предвидени со Интервентниот инвестициски план и можноста тие да се финансираат со поддршка од ЕУ, се додава во соопштението.

Исто така, како што се наведува во соопштението, соговорниците посочија дека сме фокусирани и на справување со енергетската криза, како и со здравствената предизвикана од Ковид-19. сх/сп/

Остани поврзан