• четврток, 19 декември 2024

Средба на министерката Јаневска со францускиот амбасадор Бомгартнер

Средба на министерката Јаневска со францускиот амбасадор Бомгартнер

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, на која била истакната досегашната одлична соработка помеѓу двете земји во областа на образованието. 

-Министерката Јаневска изрази благодарност до француската Влада и народ за поддршката која ја добива земјава во процесот на интеграција во Европската Унија, напоменувајќи дека Франција е важен сојузник во приближувањето кон европските образовни вредности.  Јаневска на средбата информираше за промените во основното и средното образование, со ревизија на Концепцијата за основното образование, за процесот на изготвување на Законот за средно образование и Законот за средно стручно образование, како и за чекорите кои Владата ќе ги преземе за унапредување на воспитно-образовниот процес во земја, соопшти Министерството за образование и наука.

На средбата се разговарало и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието и можностите за негова поголема популаризација.

-Соговорниците изразија очекувања дека досегашната соработка насочена кон унапредувањето и интензивирањето на образовните практики ќе продолжи и во иднина, наведува МОН во соопштението. хс/са/ 

Фото: Министерство за образование и наука

 

Остани поврзан